Промовирана книгата "Одблесоци од минатото" од Гордана Димовска

Gordana Dimovska

Промоција на книгата " Одблесоци од минатото" од Гордана Димовска. Source: SBS

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Книгата " Одблесоци од минатото " е најново дело на Гордана Димовска, писател, поет, рецензент, уредничка во веб порталите Македонска нација и Македонски врмеплов како и долгогодишен активист во македонската заедница во Викторија. Во новото дело Димовска дава факти и информации за Македонецот низ минатото. Книгата е полна со важни теми кои поттикнуваат на размислување и се во контекст на зачувувањето на македонските белези кои не смеат во никоја мера да бидат игнорирани и да се дозволува обезличување на македонското битие. Книгата ја промовираше Дијана Пупалевска Мицалевска која и ја прочита рецензијата за книгата напишана од познатиот историчар Александар Донски.


Книгата " Одблесоци од минатото " од Гордана Димовска ја промовираше Дијана Пупалевска Мицалевска.
Дел од нејзината промоција во видеото.
Дел од обраќањето на Гордана Димовска при промовирањето на нејзината нова книга.


 

 


Share